Министерот за надворешни работи на Индија денес ќе ја посети Русија

Шефот на МНР на Индија, Салман Хуршид ќе ја посети Русија од 2 до 4 октомври, извести Александар Лукашевич, официјален претставник на МНР на Русија.

Шефот на МНР на Индија, Салман Хуршид ќе ја посети Русија од 2 до 4 октомври, извести Александар Лукашевич, официјален претставник на МНР на Русија.

„На втори октомври ќе се одржат преговори меѓу шефовите на дипломатиите на Русија и Индија, Сергеј Лавров и Салман Хуршид. Индискиот министер како копретседател на меѓувладината руско-индиска комисија за трговско-економска, научно-техничка и култура соработка - ќе земе учество на нејзиното XIX заседание. Копретседател на комисијата од руска страна е заменикот претседател на владата на Русија, Дмитриј Рогозин“, изјави Лукашевич.

Според зборовите на Лукашевич, министрите ќе зборуваат за текот на реализацијата на договорите кои беа постигнати за време на посетата на претседателот на Русија во Индија во декември 2012 година, како и подготовка на претстојните контакти на највисоко ниво. Посебно внимание ќе биде посветено на ситуацијата во Сирија, на Блискиот Исток и во Северна Африка.  

Дипломатот додаде дека од 2000 година обемот на трговија меѓу двете земји е зголемен за шест пати, а позитивната динамика е задржана дури и во време на светска глобална криза. Во 2012 година трговската размена достигна максимален показател - 11 милијарди долари, споредено со 8,9 милијарди долари во 2011 година. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња