„Театарот на Таганка“ сака и понатаму да продолжи со претставите кои ги режирал Јуриј Љубимов, изјави во понеделникот за Интерфакс директорот на театарот, Владимир Флејшер.
„Сите претстави се во репертоарот за ноември“, додаде тој.
Претходно беше соопштено дека поранешниот уметнички директор на театарот, Јуриј Љубимов, има забрана за претставите кои тој ги режирал. Својата одлука ја објаснил со фактот дека после неговото заминување од театарот во 2011, претставите биле променети и скратени. Љубимов замина од театарот откако се искара со актерската екипа.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче