Русија не заостанува зад САД околу прашањето за создавање на хиперсонично оружје, изјави во понеделникот потпретседателот на владата на Русија, Дмитриј Рогозин.
„Хиперсоничните технологии овозможуваат брзини најмалку шест пати повеќе од брзината на звукот. И ние и Американците вршиме такви испитувања. Тоа не е тајна, но тајна е сѐ останато... Можам да ви кажам дека околу прашањето за развојот на овие технологии ние се наоѓаме рамо до рамо со Американците“, изјави Рогозин во емисијата на ТВ каналот „Русија 1“.
Рогозин потсети дека Русија го зазема второто место во светот според обемот на извоз на оружје.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче