Рускиот претседател Владимир Путин вендаш после средбата со Барак Обама на самитот Г-20, ја постави следнава задача: да се предаде под меѓународна контрола и да се уништат сите преостанати залихи на хемиско оружје во светот, пренесува РИА Новости, повикувајќи се на изјава на министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров.
„Оваа клучна задача да се стават сите преостанати хемиски залихи под меѓународна контрола, а понатаму и нивно уништување - ја постави претседателот после разговорот со Барак Обама во Санкт Петербург“, изјави министерот за надворешни работи на Русија.
Претседателот на руското министерство за надворешни работи и американскиот државен секретар Џон Кери го усогласија редоследот за извоз на хемиско оружје од Сирија и негово уништување до половината на 2014 година.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче