Ирак бара од Русија споделување на искуството во борбата со тероризмот

Пратеникот Мухамед ал-Акили од владејачката партија во Ирак, побара Ирак да се обрати кон Русија со молба за споделување на искуството во борбата со тероризмот и вооружените екстремистички групи, пренесува РИА Новости.

„Владата на Ирак се стреми да ги зајакнува односите со Русија во областа на борбата со тероризмот. Ирачаните сакаат да го преземат успешното руско искуство во борбата со вооружените екстремистички групи во Чеченија и во Авганистан. Ирак секојдневно страда од рацете на терористите кои ги убиваат цивилите“, изјави ал-Акили.

Тој забележа дека станува збор и за преговори за возможни набавки на руско оружје кое ќе ја олесни борбата против терористите. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња