Група пратеници го предлагаат Путин за Нобеловата награда за мир

Општествени дејци и пратеници од Думата излегоа со предлог да се номинира претседателот на Русија, Владимир Путин за Нобеловата награда за мир.

Општествени дејци и пратеници од Думата излегоа со предлог да се номинира претседателот на Русија, Владимир Путин за Нобеловата награда за мир.

„Ова е наша иницијатива. Годината завршува, а ние, без сомнение, го сметаме Путин за човек на 2013 година“, изјави за новинарите Беслан Кобахија, координатор на меѓународното движење за заштита на правата на народите.

Јосиф Кобзон, пратеник во Думата, забележа дека е радосен што може да го препорача Путин за наградата за мир. Кобзон појасни дека оваа премија претходно е доделена на претседателот Барак Обама, кој потоа одобри агресивни дејства на САД, додека рускиот лидер се обидува на сите можни начини да ја спречи војната во Сирија, а со тоа „тој е повеќе од достоен за таа висока награда“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња