Гаспром размислува за купување на електрична централа во Италија

Раководството на „Гаспром“ разгледува можност за купување на електрична централа во Италија, изјави заменикот началник на одделението за управување со проекти во „Гаспром“, Александар Сиромјатин.

Раководството на „Гаспром“ разгледува можност за купување на електрична централа во Италија, изјави заменикот началник на одделението за управување со проекти во „Гаспром“, Александар Сиромјатин.

„Би било добро да добиеме предлози од италијанската влада“, рече Сиромјатин, а пренесува „Ројтерс“.

Концернот „Гаспром“ во јуни купи електрична централа во Белгија од италијанската компанија „Енел“ за 227 милиони евра, што за овој електроенергетски гигант беше првата голема зделка во странство.

Директорот на „Гаспромекспорт“, Александар Медведев, изјави дека Јужна Европа, Балканот и Турција се исто така занимливи региони од гледна точка на електроенергијата. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња