Во Москва започна со работа единствениот во градот „Музеј за историјата на пијанството“. Во него има колекција на апарати за производство на алкохол, пропагандни плакати од времето на Царска Русија и СССР, гравири посветени на оваа тема, средновековни методи за борба со пијанството - сите експонати раскажуваат за тоа како луѓето се бореле со пијанството за време на сите епохи и во разни делови од светот.
Во музејот се организира и приказ на филмови спроведени со лекции за штетноста на алкохолот.
Влезот во музејот чини околу 450 денари, а истиот работи од понеделник до петок од 11 до 19 часот, а во недела од 11 до 20 часот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче