Улјукаев: невработеноста во Русија ќе расте во 2014 година

Министерот за економски развој на Русија, Алексеј Улјукаев изјави дека нивото на невработеноста во Русија во 2014 година ќе расте како резултат на полошите економски резултати во државата. Ова го пренесува РИА Новости.

„Објективното ниво на невработеност - е забавен индикатор. Тој реално се покажува после влошувањето на ситуацијата со економскиот раст. Невработеноста никога не започнува веднаш да расте“, изјави министерот во Сочи.

Според зборовите на Улјукаев, зголемувањето на невработеноста е природен процес. „Затоа треба да се подготвиме за тоа“, подвлече министерот.

Улјукаев прогнозира дека невработеноста во Русија во 2014 година ќе изнесува околу 6% (сегашното ниво на невработеност во Русија е 5%). 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња