Министерот за економски развој на Русија, Алексеј Улјукаев, смета дека руската економија стои на прагот на рецесија, и ја нарече сегашната состојба на стагнација во економијата „полоша отколку криза“. Неговите зборови ги пренесува РИА Новости.
„Јас не кажувам дека сме на прагот на некаква криза, туку стагнираме. И од моја гледна точка, тоа е полошо. Затоа што кризата - тоа е ситуација во која влегуваш и од која излегуваш, а стагнацијата - тоа е ситуација со тешко претпоставливи последици“, изјави Улјукаев.
Забавувањето на темпото на економски раст во Русија започна од крајот на минатата година. Во првите 6 месеци од оваа година БДП на Русија порасна само за 1,4%, а индустријата - 0%.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.