Нуркачи го извадија најголемиот фрагмент досега од метеоритот кој падна во Челјабинск

Уралските нуркачи го извадија најголемиот досега фрагмент од метеоритот „Челјабинск“ во езерото Чебаркуљ. Парчето тежи 4,8 килограми, пренесува РИА Новости, повикувајќи се на зборовите на Љубов Рудометова, претставник на администрацијата на градот Чебаркуљ.

Во четвртокот беше соопштено дека на 13 метри длабочина нуркачите пронашле неколку фрагменти од метеоритот. Сите објекти сега се испитуваат.

Во езерото сѐ уште се работи на подигање на најголемиот фрагмент, за кој се претпоставува дека тежи и неколку стотина килограми. Рудометова изјави дека тој фрагмент можно е да се наоѓа на длабочина поголема од 16 метри. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња