Премиерот на Русија, Дмитриј Медведев, во статија која е објавена во „Ведомости“, пишува за тоа дека крупните компании треба да вложуваат средства во науката.
„Нека постојат и универзитети на ’Гаспром’, ’Лукоил’, ’Русал’ и ’Роснефт’ (или барем катедри), а државата треба да размисли како да ги стимулира таквите инвестиции“, напиша Медведев.
Освен тоа, Медведев изјави дека треба да се намалат увозните давачки за научната опрема и материјали. На тој начин ќе се олесни и пристапот до високотехнолошките продукти од странство.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче