За време на говорот на претседателот на Грузија, руската делегација ја напушти салата за состаноци во знак на „неодобрување на процените кои господинот Саакашвили ги изнесе на говорницата на Генералното собрание“, прокоментира Александар Лукашевич, претставник на Министерството за надворешни работи на Русија во разговор со новинарите.
Постојаниот претставник на Русија во ООН, Виталиј Чуркин, забележа дека овој пат говорот на грузискиот лидер претставувал збир на луди идеи. „Тоа и не беше говор, туку збир на измислици кои не носат само антируски, туку и русофобичен и антиправославен карактер. За среќа на грузискиот народ, се ближи крајот на политичката кариера на отј човек, чија ментална состојба бара професионална проценка“, ги пренесува ИТАР-ТАСС зборовите на Чуркин.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче