Техниката од Russian Arms Expo 2013 ќе учествува на парадата на Победата во Москва

Дел од техниката која беше прикажана на Меѓународната изложба на вооружување, воена техника и муниција - Russian Arms Expo 2013 во Нижни Тагил - ќе земе учество во парадата на Победата на Црвениот плоштад во 2015 година, изјави премиерот на Русија, Дмитриј Медведев пред новинарите.

„Дел од техниката не е подготвена, се чека нејзино влегување во сериско производство“, појасни Медведев.

Дмитриј Медведев на 26 септември ја посети изложбата Russian Arms Expo 2013, ги гледаше примероците од техниката и присуствуваше на демонстрирањето на некои од новите можности на автомобилската и воената техника.

Russian Arms Expo 2013 се одржува во Нижни Тагил од 25 до 28 септември. На изложбата зедоа учество околу 400 учесници од 50 држави во светот. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња