Судот во Новоросијск прогласи за екстремистички еден од преводите на Куранот

Судот во Новоросијск го прогласи за екстремистички „Слободниот превод на Светиот Куран на руски јазик“ од Елмир Кулиев, објавен во 2002 година. Таквата пресуда судот ја донесе после тужбата на јавниот обвинител за кривично дело во областа на сообраќајот и комуникациите, кој бара таа книга да биде внесена во федералниот список за екстремистичка литература.

„Би сакала да појаснам дека не станува збор за Куранот како таков, туку само за превод од конкретна личност, објавен во Саудиска Арабија“, ибјасни за „Росијскаја газета“ Оксана Зотова, главен помошник на јавниот обвинител за кривични дела во областа на сообраќајот и комуникациите во Новоросијск. Во текот на стручната анализа утврдено е дека во преводот има наговестување за екстремизам. Покрај останатото, на неколку страници се зборува за доминантната позиција на луѓето кои го исповедаат исламот во однос на припадниците на другите религии, за надмоќта на муслиманите над другите народи и се изнесува негативна оценка за другите конфесии. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња