Советот на Федерацијата го одобри законот за реформа на Руската академија на науки

Советот на Федерацијата на заседанието одржано во средата го одобри законот за реформа на системот на државната академија на науки.

Советот на Федерацијата на заседанието одржано во средата го одобри законот за реформа на системот на државната академија на науки. Според овој закон, со институтите ќе управува агенцијата за управување со имотот на Руската академија на науки (РАН). Забрането е мешање на државната власт во научната дејност, а сегашниот претседател на РАН ќе остане на оваа функција уште три години после завршувањето на реформата.

РАН ќе стане федерална државна буџетска установа која ќе може да формулира задачи на полето на науката и да ги проследува до институтите, да располага со свои буџетски средства потребни за извршување на различни истражувања. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња