Блокада на производството во Русија: нема доволно инженери

Заменик претседателот и директор за кадровска политика на компанијата "ManpowerGroup" во Русија и за поранешниот СССР, Феликс Кугел, предупредува дека во Русија во следните неколку години, поради нерешени проблеми на пазарот на труд, може да дојде до колапс во производството.

Заменик претседателот и директор за кадровска политика на компанијата "ManpowerGroup" во Русија и за поранешниот СССР, Феликс Кугел, предупредува дека во Русија во следните неколку години, поради нерешени проблеми на пазарот на труд, може да дојде до колапс во производството. Ако денес на компаниите веќе им е тешко да најдат и инженери, за неколку години ќе дојде до целосна катастрофа: претпријатијата ќе го прекинуваат производството.

„Најкатастрофалниот дефицит на инженери забележан е во регионите со најголем број производни капацитети (Калушката и Ленинградската област)“, изјави Кугел. „Голем број западни автогиганти кои отворија свои претставништва во Калушката област веќе се борат за секој стручњак“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.