Трговскиот суфицит на Русија ќе се намали за 34 милијарди долари

Суфицитот од надворешната трговија на Русија ќе се намали од сегашните 168 милијади долари на 134 милијарди долари во 2016 година, пренесува РИА Новости.

Суфицитот од надворешната трговија на Русија ќе се намали од сегашните 168 милијади долари на 134 милијарди долари во 2016 година, пренесува РИА Новости.

„Трговското салдо во 2011-2012 достигна рекордно ниво – околу 200 милијарди долари, но тоа брзо ќе почне да се намалува. Годинава ќе изнесува 168 милијарди долари, а во 2016 година ќе се намали до 134 милијарди“, се кажува во прогнозата на МЕР.

Според податоците на Министерството за економски развој, намалувањето на суфицитот во надворешната трговија е предизвикано од растот на конкуренцијата на светските пазари на деривати, како и отсуство на внатрешен потенцијал за зголемување на производството на нафта. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња