Јанукович: Русија ќе продолжи да врши притисок врз Украина преку енергетиката

Претседателот на Украина, Виктор Јанукович продолжува да ја обвинува Москва за вршење притисок врз Киев.

Претседателот на Украина, Виктор Јанукович продолжува да ја обвинува Москва за вршење притисок врз Киев во сферата на енергетиката. „Најголем проблем во односите меѓу Украина и Русија е тоа што таа (Русија) ја користи енергетската сфера за вршење притисок врз Украина. Ние не слушаме само закани, туку и понижувања од страна на средствата за масовно информирање. Тоа не им помага на нашите односи и не го подобрува имиџот на Русија“, изјави Јанукович во интервју за Блумберг.

Украина, која е доста зависна од увозот на руски гас, веќе неколку години безуспешно се обидува да издејствува помала цена за енергенсите. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња