Руската вселенска агенција официјално ја извести владата на Казахстан за датата на следното лансирање на ракетата-носач „Протон“ од космодромот Бајконур, пишува „Известија“.
Како што изјави извор во Роскосмос, лансирањето на ракетата со комуникациски сателит (Astra 2E) ќе се одржи на 30 септември во согласност со меѓудржавниот договор за изнајмување на космодромот Бајконур.
Притоа Роскосмос не чекаше одобрение од официјалните институции во Казахстан, посебно од министерството за зачувување на животната средина.
Претставниците на тоа министерство ја контролираа работата за чистење на територијата на Бајконур, каде на 2 јули падна ракетата Протон веднаш после лансирањето. Имено шефот на министерството, Нурлан Капаров, настојуваше оваа лансирање да биде одложено до целосното завршување на деконтаминацијата на територијата.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче