Шефот на владата на Челјабинската област, Сергеј Комјаков, изрази чудење после тендерот за купување на два автомобила со последователен премин на правото на сопственост. Веднаш после објавувањето на тендерот донесено е решение за службена проверка за потребите од таквиот тендер.
„Непријатно бев изненаден. Во владата имаме јасно правило за усогласување на сите набавки, а посебно на скапите во услови кога имаме објавено штедење. За купувањето на автомобилите немавме никакво усогласување, па затоа ќе спроведеме службена проверка“, подвлече претседателот на владата на Челјабинската област.
Станува збор за набавка на два седана BMW 740Li xDrive со салон од кожа, како и блиндиран преден дел на автомобилот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче