Во новиот единствен учебник по историја кој се подготвува по инцијатива на претседателот на Русија, предвидено е да има посебен дел и за периодот на владеењето на Владимир Путин.
Веќе следната недела Министерството за образование и наука ќе ја објави концепцијата на новиот учебник, според која во училиштата ќе се предава не само историјата на Русија од перестројката па до 2000 година, туку и најновата историја до 2012 година.
„После долготрајни консултации одлучено е учебникот да ја содржи историјата на Русија сѐ до последните претседателски избори. Имаше многу сомнежи и расправи околу тоа, но на крајот беше одлучено да се примени праксата која е вообичаена и во другите земји во светот“, објасни за „Известија“ извор од Министерството за образование и наука.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче