Една од варијантите на соработка за која разговараат Белорусија и „Роснефт“ предвидува добивање на ексклузивно право на руската компанија за испорака на нафта во државата, пренесува „Прајм“ повикувајќи се на извор во белоруската влада.
„Во моментов се разговара за работните верзии. Според една од нив, руската компанија следната година ќе испорача 50% од целата нафта која се извезува од Русија во Белорусија. Останатата половина ќе ја купат белоруските рафинерии самостојно“, појасни изворот.
Другата варијанта предвидува давање статус на ексклузивен испорачувач на нафта на „Роснефт“. Оваа варијанта е ставена под сомнеж поради ценовната политика во услови на отсуство на конкуренција.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче