Медведев: Украина ќе ги изгуби привилегиите со Русија после асоцијацијата со ЕУ

Рускиот премиер, Дмитриј Медведев, изјави дека Украина може да ги изгуби предностите и привилегиите во трговијата со Русија после стапувањето во сила на договорот за асоцијација со ЕУ, пренесува РИА Новости.

Според зборовите на Медведев, во случај на потпишување на договор со ЕУ, сегашниот „партнерски“ режим на руско-украинските трговски односи може да заврши. „Да, ние ќе соработуваме, ќе тргуваме, но тоа ќе биде иста таква трговија каква што имаме со другите земји -  без привилегии, па дури и со ограничувања“, изјави Медведев на средба во Советот на Федерацијата.

Претседателот на Русија, Владимир Путин, исто така повеќе пати предупреди дека Русија ќе ги заштитува своите економски интереси доколку Украина го потпише договорот за асоцијација и создавање на зона за слободна трговија со ЕУ. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.