Медведев предложи да се зголемат давачките за развод

Премиерот на Русија, Дмитриј Медведев предложи да се разгледа предлогот за значително зголемување на давачката за развод, пренесува РИА Новости.

Премиерот на Русија, Дмитриј Медведев предложи да се разгледа предлогот за значително зголемување на давачката за развод, пренесува РИА Новости.

Соодветната иницијатива Медведев ја даде на средба во Советот на Федерацијата. „Треба да се погледнат сите плусови и минуси. Прифаќањето на таков закон не треба да доаѓа само по желба на владата, туку е потребна и општествена дебата со експерти и граѓани“, забележа Медведев.

Во минатата година сенаторите сакаа да се зголеми давачката за развод до 45.000 денари.

Претходно стана јасно дека воведувањето на дополнителен данок за развод е поддржан од само 6% од граѓаните. Во моментов давачката за развод во Русија изнесува околу 600 денари. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња