Популарните модели на „АвтоВАЗ“, Лада Гранта и Лада Калина наскоро ќе почнат да се извезуваат во Иран, пренесува порталот Trend.az, повикувајќи се на иранското издание Jahanesanat.
Како што изјави Мухамед Бајата, член на управата на компанијата Rahbar, автомобилите се нарачани со комплет кој е соодветен за климатските услови во државата. Руските автомобили ќе се испорачаат во Иран откако ќе бидат добиени сите лиценци од државниот институт за стандардизација и индустриски истражувања.
Според информацијата на Царинската администрација на Иран, за првите пет месеци од оваа календарска година во Иран се увезени 16.959 автомобили, што е за 8,1% повеќе во споредба со истиот период во минатата година.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче