Киев ја повика Русија на разговор за можните последици од интеграцијата на Украина во ЕУ

Украина разбира дека се можни последици од интеграцијата во ЕУ, и затоа ја повикува Русија на разговор на таа тема, изјави во понеделникот украинскиот премиер Николај Азаров во интервју за телевизискиот канал „Вести 24“.

„Ние разбираме дека се можни последици. Но ајде да седнеме на преговарачка маса, да ги објасниме своите позиции, да ги разјасниме и да дојдеме до вистината“, изјави тој.

Владата на Украина претходно одобри нацрт-договор со Европската унија за придружување, со кој се предвидува создавање на зона за слободна трговија. Киев планира да го потпише тој документ во ноември во рамките на самитот „Источно партнерство“ во Вилнус. Руската страна изјави дека доколку се случи тоа, Царинската унија ќе мора да преземе заштитни мерки. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња