Како резултат на пад на граната на територијата на амбасадата на Русија во Дамаск ранети се три соработници во дипломатското претставништво, се пренесува на интернет-страницата на МНР на Русија.
Според соопштението на руската амбасада, соработниците во амбасадата се ранети, но истите не се опасност за нивните животи. Во моментов властите го истражуваат теренот. „Заедно со акциите на компетентните сириски власти се преземаат дополнителни чекори за обезбедување на безбедноста на руското дипломатско претставништво во Дамаск“, забележува МНР на Русија.
Претходно беше објавено дека гранатата која падна во неделата на територијата на руската амбасада припаѓа на опозициската војска.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче