Завршена е реконструкцијата на железничката пруга која ја поврзува руската станица Хасан со севернокорејското пристаниште Расон. По тој повод вчера во трговско-економската зона Расон беше приредена свеченост.
Во текот на реализацијата на меѓународниот проект „Хасан-Расон“ модернизирана е една делница од пругата долга 54 километра и изграден е терминал за товар и истовар на контејнери.
Проектот ќе овозможи обновување на железничкиот сообраќај во текот на целата должина на транскорејската пруга. Тоа ќе биде најкраток пат за транспорт во Европа и назад.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче