Податоците со кои располага Русија потврдуваат дека сириските милитанти зазеле подрачје каде е складирано хемиско оружје

Податоците за ситуацијата во Сирија со кои располага Русија потврдуваат дека опозициските милитанти презеле контрола над подрачјата во кои се наоѓаат складишта на хемиско оружје, изјави министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров.

Податоците за ситуацијата во Сирија со кои располага Русија потврдуваат дека опозициските милитанти презеле контрола над подрачјата во кои се наоѓаат складишта на хемиско оружје, изјави министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров во интервју за руските новинари додека ги коментираше соопштенијата според кои израелските разузнавачки служби имаат податоци за тоа дека милитантите барем двапати презеле контрола над подрачјата во кои е складирано хемиско оружје.

„Неопходно е тие кои ја финансираат опозициската група да најдат начин од нив да го вратат хемиското оружје кое го зеле, за да потоа се уништи истото“, подвлече министерот. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.