Лавров: Западот не го интересира хемиското оружје, туку влијанието во регионот

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров е уверен дека западните држави не се загрижени околу хемиското оружје во Сирија, туку со своето влијание во регионот. РИА Новости ги пренесува зборовите на министерот дека западните држави уште пред две години решиле да го сменат режимот на Башар Асад.

„Сега можат да признаат дека повторно згрешија: исто како што згрешија со Либија, бомбардирајќи ја државата и ставајќи ја пред свршен чин и распад; исто така згрешија и со Ирак, оставајќи ја државата во најтешка состојба, каде секој ден десетици гинат од терористички напади“, изјави Лавров.

Според зборовите на Лавров, изјавите на САД за тоа дека без прифаќање на резолуција од Советот за безбедност во ООН за Сирија ќе биде прекината акцијата на Организацијата за забрана на хемиското оружје - се саботажа.

„Американските партнери почнуваат да не саботираат: ако Русија во СБ во ООН не донесе резолуција, тогаш ние (САД) ќе ја прекинеме работата на ОЗХО. Тоа е бегање од тоа за што се договоривме со Џон Кери - на почеток решение за ОЗХО, а потоа поддржување на резолуција од СБ во ООН“, појасни Лавров. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња