Крстосувачот „Москва“ се најде на челото на групата бродови на Воената морнарица на Русија во Средоземното море

Адмиралскиот брод на Црноморската флота, ракетниот крстосувач „Москва“, застана на чело на групата бродови на Воената морнарица на Русија во Средоземното море, изјави за новинарите во петокот началникот на одделот за информатичка безбедност на Црноморската флота, капетан Вјачелсав Трухачов.

„Денес адмиралскиот брод на Црноморската флота, гардискиот ракетен крстосувач ’Москва’ дојде на местото на средба со бродовите од постојаниот состав на Воената морнарица на Русија во источниот дел на Средоземното море“, изјави тој.

Според зборовите на Трухачов, крстосувачот во океанската зона вежбал гаѓање на цели на водата и во воздухот со крстосувачки ракети, а исто така и ги посети пристаништата на Португалија, Куба, Венецуела и Никарагва. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња