Државната Дума сака да го врати „зимското време“

Русија сака да го врати „зимското време“. Застапниците во Државната Дума подготвија нацрт-закон за поместувањето на стрелките.

Русија сака да го врати „зимското време“. Застапниците во Државната Дума подготвија нацрт-закон за поместувањето на стрелките. Одлуката дали треба документот да се внесе во парламентот ќе се донесе до 1 ноември. Ова го изјави Сергеј Калашников, претседател на Одборот за зачувување на здравјето од Думата. Застапниците веќе по втор пат се обидуваат да го вратат времето назад. Минатата година беше предложен ист нацрт-закон, но потоа го повлекоа. Сега нацрт-законот пропишува дека „зимското време“ ќе дојде на точно определен датум. Според зборовите на Калашников, меѓу а вторите на документот има и претставници од „Единствена Русија“.

Дмитриј Медведев го предложи укинувањето на „зимското време“, и тогаш 60% од Русите позитивно го прифатија предлогот, но после неколку месеци ситуацијата се примени. И руската економија претрпе последици. Како што пишува „Блумберг“, обемот на трговијата на московската берза поради временските разлики значително опаднал. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.