Пратениците на Државната Дума одговорија на резолуцијата на Европскиот парламент во која Русија се обвинува за вршење притисок на земјите од Источното партнерство (Украина, Молдавија, Азербејџан, Грузија и Белорусија) со специјално соопштение во кое замерките на своите колеги ги нарекуваат за неосновани, а самата резолуција за правно неважечка. Повод за усвојувањето на резолуцијата е ставот на Русија кон информацијата дека Украина планира да потпише договор за соработка со ЕУ.
Овој договор е крајно неповолен за Украина, смета претседателот на Комитетот на Државната Дума за меѓународни односи, Алексеј Пушков: „Убавите зборови за поддршка на суверенитетот се прикриваат од желбата на ЕУ останатите земји да ги стави во позиција на зависност и да ги вклучи во зоната на своето економско и политичко влијание“. Договорот за соработка, според мислењето на Пушков, претставува обид за мали пари земјите од „Источното партнерство“ да се врзат за ЕУ и да се претворат во обичен „економски додаток“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче