Toyota ќе започне со производство на RAV4 во Русија

Во Русија наскоро ќе започне производството на џипот RAV4 од јапонската компанија Toyota.

Во Русија наскоро ќе започне производството на џипот RAV4 од јапонската компанија Toyota. Новиот автомобил ќе се произведува во Санкт Петербург од 2016 година, соопштија претставници од Toyota. Инвестициите во производствениот процес ќе изнесуваат околу 140 милиони евра. Освен во Русија, овој џип се произведува и во Канада и Кина.

Решението за почеток на производството на RAV4 во Русија е донесено после стабилниот раст на побарувачката на овој модел во Русија. Од јануари до август годинава продадени се речиси 27.000 автомобили од овој модел во Русија.

Јапонската компанија планира годинава во Русија да продаде 179.000 автомобили од својата гама, од кои 40.000 ќе бидат RAV4. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња