Мексиканска нискобуџетна авиокомпанија наскоро ќе започне да извршува комерцијални летови со рускиот авион Сухој Суперџет 100.
Претставник на мексиканската компанија „Интерџет“ соопшти дека ќе се започне со летови на шест рути. Оваа компанија веќе потпиша договор со Сухој во вредност од 800 милиони долари за испорака на 20 Суперџет 100, и ќе купи уште 10 авиони.
Суперџет 100 е средномагистрален патнички авион создаден од компанијата Сухој заедно со американски и европски компании, вклучувајќи го Boeing, Snecma, Thales, Messier Dowty, Liebherr Aerospace и Honeywell.
Авионот може да превезува до 100 патници на далечина од 4.500 километри.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче