Официјалната продажба на iPhone 5C и iPhone 5S во Русија ќе започне во ноември

Официјалната продажба на новите паметни телефони од Apple во Русија ќе започне во првата половина на ноември, пренесува Hi-Tech Mail.Ru.

Официјалната продажба на новите паметни телефони од Apple во Русија ќе започне во првата половина на ноември, пренесува Hi-Tech Mail.Ru.

„Руските препродавачи очекуваат појава на новите паметни телефони од Apple во втората недела од ноември“, изјави Антон Спиридонов, главен редактор на Mail.Ru. Според Спиридонов, официјалната цена на телефоните ќе биде 36.000 денари, односно 43.000 денари.

Компанијата Apple вчера започна со официјална продажба на нејзините нови паметни телефони во неколку држави во светот. Први успеаја да го купат телефонот жителите на Австралија, каде се создадоа редици од стотици луѓе.

Во Apple известуваат дека до крајот на 2013 година телефоните ќе се продаваат во сто држави во светот. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња