Федералната служба за безбедност: за сириската опозиција војуваат 300-400 наемници од Русија

Околу 300-400 граѓани на Русија војуваат за сириската опозиција како наемници во Сирија, пренесува РИА Новости, повикувајќи се на првиот заменик директор на ФСБ на Русија, Сергеј Смирнов.

Околу 300-400 граѓани на Русија војуваат за сириската опозиција како наемници во Сирија, пренесува РИА Новости, повикувајќи се на првиот заменик директор на ФСБ на Русија, Сергеј Смирнов.

„Ние сметаме дека има околу 300-400 луѓе од територијата на нашата држава кои заминаа во Сирија“, изјави Смирнов после завршетокот на заседанието на советот за регионална антитерористичка структура на ШОС.

Тој смета дека овој проблем постои не само во Русија, туку и во другите држави на Шангајската организација. Во Русија нема разработено законодавство за справување со наемништвото. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња