Економскиот раст во Русија забави, а домашната побарувачка расте

Современиот економски модел на Русија силно зависи од побарувачката, и затоа има добри причини да се очекуваат позитивни вести. Благодарејќи на ниската невработеност, растот на платите, побарувачката на недвижнини како и растот на побарувачката – Русија наскоро може да очекува зголемување на економскиот раст.

Растот на трговијата изнесува 3,8% за првите седум месеци од оваа година, мотивиран од растот на платите, кој изнесува 5,5%.

Растот на платите се предвидува да продолжи, најмногу поради големото намалување на невработеноста во Русија. Минатата година беше забележана рекордно ниска невработеност – само 5,1%. Поради тоа, компаниите се принудени да ги зголемуваат платите и покрај слабиот економски раст.

Ситуацијата со намалувањето на невработеноста дополнително ја мотивира и демографската ситуација. Во Русија станува полнолетна генерацијата родена во период на криза и низок наталитет. Бројот на деца под 20 години во 1989 година изнесуваше 44 милиони, а денес само 30 милиони. Поради помалиот број на лица кои ќе влезат на пазарот на труд, треба да се очекува дополнително намалување на невработеност и раст на платите. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња