Руската економија се наоѓа во најсилната криза од 2008 година

Шефот на Министерството за економски развој на Русија, Алексеј Уљукаев, изјави дека ситуацијата со руската и светската економија е најкритична од кризата во 2008 година. Неговите зборови ги пренесува РИА Новости.

Освен тоа, министерот смета дека е незадоволителен растот на БДП од 1,8% за оваа година.

„Мене ми се чини дека сме немале полоша ситуација во претходниве 5 години од оваа“, изјави министерот во Думата.

Министерот е загрижен поради тоа што за прв пат после 5 години економскиот раст на Русија е под прогнозите кои беа дадени минатата година, а соодветно, таа ќе заостанува по овој параметар од другите држави во БРИКС. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња