Кремљ отстапи пред Интернет

Руските власти и претставници на „онлајн“ сферата постигнаа компромис околу изменувањето на антипиратскиот закон.

Руските власти и претставници на „онлајн“ сферата постигнаа компромис околу изменувањето на антипиратскиот закон. Новите промени ќе ги опфатат сите објекти на интелектуалната сопственост - книгите, музиката, програмите, - но процедурите на законот се омекнуваат во корист на интернет-бизнисот.

Овој компромис, сепак, останува во сенката на петицијата за укинување на антипиратскиот закон, собирајќи повеќе од 100.000 гласови на Интернет.

Меѓу промените во законот кои се предлагаат, спаѓа и нормата за судско регулирање за споровите, давање временски простор за бришење на материјал од интернет-страниците откако е поднесена жалба поради нелегална информација, како и блокирање на URL адресата, а не на IP адресата, како што тоа досега беше пракса. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња