Граничарите биле принудени неколку пати да пукаат како предупредување во Печорското море после обидот на непознати лица да се качат на нафтената платформа „Приразломна“, соопшти Федералната служба за безбедност на Русија во средата. Еколошката организација претходно изјави дека активистите на „Гринпис“ организирале протестна акција покрај платформата во Печорското море. Двајца се уапсени, а уште две лица се качиле на платформата.
Како што се наведува, „бродот не реагирал на пукањето и на сигналите за да се оддалечи“, така што и понатаму продолжуваат мерките за застанување на бродот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче