Руската страна очекува скорешно враќање на инспекторите на ООН во Сирија за да се заврши разгледувањето на случаите на примена на хемиско оружје. Ова за РИА Новости го соопшти Виталиј Чуркин, постојан претставник на Русија во ООН.
На 16 септември во ООН беше претставен извештај на група експерти, од кој дојде заклучок дека инспекторите откриле примена на сарин во предградието на Дамаск на 21 август 2013 година.
„Сметаме дека сега експертите без задршки ќе се вратат во Сирија за да го истражат трите случаи на примена на хемиско оружје“, изјави Чуркин.
Според зборовите на дипломатот, постојат многубројни докази кои сведочат дека на 21 август недалеку од Дамаск била извршена „голем провокација, чија цел е да се оправда меѓународна интервенција во сирискиот конфликт“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче