Шер одби да настапува на Олимпијадата во Сочи

Пејачката Шер го одби предлогот да настапува на Олимписките игри во Сочи поради донесениот закон во Русија за забарана на пропагандата на хомосексуализмот, кој според Шер - ги прекршува правата на луѓето со нетрадиционална ориентација.

Според зборовите на пејачката, таа веднаш го одбила предлогот од својот „пријател-олигарх“ да настапува на отворањето на Игрите во знак на солидарност со хомосексуалците во Русија.

Шер го држи во тајност името на олигархот кој го дал предлогот, иако е познато дека нејзините последни концерти се одржани по покана на милијардерот Сулејман Керимов. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња