На Балтичката царина е приведен Американец со радиоактивна материја

Службениците на Балтичката царина го приведоа американскиот државјанин кој се обидел да пренесе радиоактивна материја во Русија, се наведува во соопштението на Северозападната царинска управа на Руската Федерација.

Службениците од одделот за борба со посебни видови криумчарења пронајдоа кај Американецот висиномер кој содржи радиоактивен изотоп од радиум 226.

Покрената е кривична постапка според став 1 од членот 226 од Кривичниот законик на Русија (криумчарење на радиоактивни материи), според кој се предвидува до седум години затвор. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.