Премиерот на Русија, Дмитриј Медведев изјави дека ќе му нареди на Министерството за финансии да изделува средства при склучувањето на договори за осигурување на имотот при лансирање на ракети.
„Направете сѐ за да бидат лансирањата комплетирани со договори за осигурување не само пред трети лица, туку и со целосна имотна одговорност. Соодветните средства треба благовремено да бидат испланирани.“, изјави Медведев на состанокот со вице-премиерите.
Ваквата одлука на премиерот Медведев следи после падот на „Протон-М“ во 2010 година, кога беа изгубени и последните ГЛОНАСС сателити кои требаше да ја комплетираат мрежата на навигациски руски сателити.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче