Елтон Џон ќе дојде во Москва да ги поддржи руските хомосексуалци

Елтон Џон ќе дојде во Москва за да ги поддржи руските хомосексуалци. Ова го изјави музичарот во интервју за The Guardian.

Елтон Џон ќе дојде во Москва за да ги поддржи руските хомосексуалци. Ова го изјави музичарот во интервју за The Guardian.

Според зборовите на Џон, возможно е тој да го откаже концертот во Русија за да го покаже своето мислење за донесениот закон во Русија за забрана на пропагандата на хомосексуализмот, но ако тоа го направат и другите изведувачи, тоа ќе доведе до изолација на претставниците на руската ЛГБТ заедница.

„Како хомосексуалец, не можам да ги оставам овие луѓе сами, не можам а да не ги поддржам. Треба да заминам во Русија. И треба добро да размислам што ќе кажам“, изјави музичарот.

Концертот на Елтон Џон треба да се одржи на 6 декември во московската сала „Крокус Сити Хол“. На 16 септември излезе новиот диск на Џон - "Diving Board", триесеттиот студиски албум во неговата дискографија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња