Русија делумно ќе плати за уништувањето на сириското хемиско оружје

Русија делумно ќе го плати уништувањето на сириското хемиско оружје, но не на своја територија.

Русија делумно ќе го плати уништувањето на сириското хемиско оружје, но не на своја територија.

Русија и САД постигнаа  историски напредок за сириското прашање: во саботата во Женева министерот за надворешни работи на Руската Федерација, Сергеј Лавров, и државниот секретар на САД , Џон Кери, донесоа план за воспоставување на меѓународна контрола над хемиското оружје кое го поседува режимот на Башар Асад. Во Москва се надеваат дека миротворните напори на рускиот претседател Владимир Путин и руската дипломатија ќе спречат напад врз Сирија од страна на Вашингтон и неговите сојузници. Како што известува Комерсант, во Русија нема да се увезува сириското хемиско оружје. Но Москва, сепак, ќе финансира дел од процесот. Според пресметките на САД, операцијата за ликвидација на сириското хемиско оружје може да чини околу 150 милиони долари. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња