Научниците бараат да се избркаат од Думата пратениците кои препишале дисертации

Руските научници бараат од раководството на државата да преземе мерки во однос на пратениците во Државната Дума кои се обвинети за плагијат.

Руските научници бараат од раководството на државата да преземе мерки во однос на пратениците во Државната Дума кои се обвинети за плагијат. Скандалите со откривањето на пратеници кои ги препишувале своите докторски дисертации започнаа уште во 2012 година, кога заедницата „Дисернет“ активно започна да бара плагијати меѓу трудовите на пратениците. Досега се откриени дури 25 пратеници во руската Дума кои имаат сериозни нарушувања на академската етика при пишувањето на своите дисертации.

Во писмото до претседателот Путин и премиерот Медведев од научниците се наведуваат презимињата: Василев, Булаев, Бурматов, Лебед и други, во чии трудови е забележан плагијат. 400 научници, меѓу кои 4 академици, 154 доктори на науки и 256 магистри бараат да им се одземат титулите на таквите пратеници кај кои е откриен плагијат, а од самите пратеници - доброволно да си дадат отказ и да се извинат за „понижување на нормите на академската етика“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња