Адвокатот на Сноуден, Анатолиј Кучерена, ги коментираше условите на живот на Сноуден во Русија и неговите планови за во иднина, пренесува Russia Today.
„Тој шета, може да патува. Го интересира нашата историја. Не, засега никој не го препознава (на улиците)“, изјави Кучерена.
Кучерена изјави дека Сноуден ги користи услугите на приватните компании за својата безбедност, а неговото место на живеење е тајна.
Мајката на Сноуден, како и неговиот татко - можат да го посетат во Русија. „Најверојатно неговата мајка ќе дојде, а возможно е и неговата баба и дедо да дојдат“, изјави адвокатот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче